Жена нападнала малолетник, па потоа и неговата мајка

Драма  се случила во Скопје откако жена нападнала малолетник, па потоа и неговата мајка.
С.Ц.(40) од Скопје вчера околу 21 часот пријавила дека истиот ден, на улица „Њуделхиска“ во Скопје, физички бил нападнат нејзиниот малолетен син од страна на жена на возраст од 35-40 години, која потоа физички ја нападнала и неа кога пробала да го одбрани детето.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.