Убиен сопственик на кафеана во Кичево

Едно лице е убиено вечерва во кафеана во Кичево. Како што објавува „Независен весник“ убиен е сопственикот на локалот, но засега нема информации за убиецот.

Неофицијално, сопственикот бил избоден до смрт со остар предмет по кратка расправија со напаѓачот. Мотивите засега не се познати.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента.