Илегални мигранти од Пакистан уапсени кај Прдејци

Вчера во 17:35 часот, при вршење на мотопатролна служба на автопат А1 кај клучка Прдејци, сопрено е патничко моторно возило „волво“ со белгиски национални ознаки, во кое биле возачот Р.С.(37) од Скопје и три илегални мигранти од Пакистан (без документи за идентификација).

Лицата биле уапсени и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.