5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Два пожара вчера во Скопје

Вчера околу 15,00 часот во Скопје на улица „Пролетерска“ во помошната просторија од куќа сопственост на Г.М.(39) избувнал пожар при што целосно изгорела кровната конструкција и инвентар. Во пожарот повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот.

Исто така, вчера во 19,25 часот било пријавено дека во село Сарај, скопско, на улица „14“ во куќата сопственост на Т.Т. и Р.Т., во една од собите на приземниот дел избувнал пожар. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот.