
За најлудата ноќ во годината Охрид е препол со туристи, во хотелите рестораните и ноќните клубови има забави за сечиј вкус а на градскиот плоштад Свети Климент Охрдски ќе има прослава организирана од страна на угостителскиот еснаф и ХОТАМ.
На новогодишната забава на отворено ќе настапат Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд, како и ди-џеј Петар.
Дочекот на Новата 2019 година, на градскиот плоштад ќе ја збогати забавната програма за охриѓани и илјадниците домашни и странски гости , кои ќе престојуваат во Охрид .
Туристите воодушевени од убавините на градот и во зима некои од нив за прв пат а другите пак задоволни од минатите години повторно се враќааат на охридската ривиера за новогодишните празници.
Од охридската полиција пак за празниците најавија засилени контроли се со цел поголема безбедност во главниот туристички центар.