
Германија стана една од десетте непостојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации во следните две години, а нејзината армија Бундесверот ја презема командата над едни од поважните сили на НАТО, оние за брзо дејствување.
Петте држави постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, со право на вето, се Русија, Велика Британија, Франција, Кина и САД.
„Добро се подготвивме и сакаме да го прифатиме овој ризик… Германија сака на агендата да ги стави прашањата кои и’ се важни… На пример, Советот за безбедност мора, исто така, да се занимава со фактот дека климатските промени може да станат безбедносен проблем во многу делови од светот“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас во Берлин.
Германија, исто така, сакаат жените да имаат поголема улога во превенцијата и управувањето со судирите, како и подобро да бидат заштитени во зоните на судирите од сексуално насилство. Меѓународното хуманитарно право мора да биде зајакнато и хуманитарните работници подобро да бидат заштитени, истакна меѓу другот шефот на германската дипломатија.
Маас додаде дека Берлин, исто така, се обидува да даде нов поттик на тешкото прашање за нуклеарното разоружување и контрола на ширењето на вооружувањето.
Покрај тоа, германските вооружени сили Бундесверот, во вторникот ги преземаа водството над силита на НАТО за „супербрзо“ дејствување. Според податоците на германското министерство за одбрана, копнените единции таканаречените „spearhead’ во 2019 година ќе бројат околу 8.000 војници. Германската војска ќе обезбеди 4.000 војници, покрај уште околу 1.000 луѓе во другите организациските подрачја. Другите војници доаѓаат од Франција, Холандија и Норвешка.
Силите официјално се нарекуваат Здружени сили со многу голема подготвеност (Very High Readiness Joint Task Forces, VJTF), а се основани по украинската криза во 2014 година како елемент на стратегијата во одбраната од наводната потенцијална закана од Русија. Претходницата на овие сили мора да се распореди на боиштето за најмногу 72 часа, а другите за пет до седум дена.