Нов сомнителен оглас за вработување во администрација

Не запираат масовните вработувања во администрацијата од страна на Владата на СДСМ.

Речиси да нема ден, а да не е распишан оглас за вработување, па така во моментот се отвора ново работно место во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Имено, во Генералниот секретаријата се бара еден државник за позицијата советник за оперативна поддршка на ЗПВРМ за економски прашања, неговите кабинетски службеници и вработените во секторот, Одделение за стручно – оперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции.

Според огласот се бара лице кое има завршено социјална работа и социјална политика или лице кое има завршено туризам и угостителство со нето плата од 25.023 денари.

Со ова се поочигледно е дека огласите кои што се објавуваат се направени за кандидати кои претходно веќе се избрани.

Граѓаните се сведоци на објавување огласи, преку кои наместо професионални кадри со соодветно образование, се вработуваат партиски војници на СДСМ.