Солзавец и десетици уапсени на границата Мексико-САД

Американската полиција испука солзавец на мексиканската страна од границата во Тихуана, во обид да спречи мигранти да ја поминат граничната ограда.

Чадот од солзавецот ги зафати и мигрантите, меѓу кои има и жени и деца, како и новинарите кои се наоѓаат недалеку од местото на инцидентот.

Мигрантите за АП изјавија дека на границата дошле со караван мигранти од Хондурас.

Американската агенција за царини и граници соопшти дека солзавецот бил испукан кон мигрантите кои фрлале камења и ги спречувале нивните агенти да им помогнат на децата кои ги префрлале преку бодиликавата жица. Најмалку 25 мигранти се уапсени, додаваат од агенцијата.