ВМРО-ДПМНЕ: Парите од новите повисоки даноци ќе отидат за нови партиски потрчковци

Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси. СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дел и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека средствата од зголемените даноци ќе бидат наменети за новите заменици-директори, назначени по партиски клуч.

Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци. Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните претпријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.

Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.