Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 17,20 часот на патниот правец Тетово-с.Брвеница.
Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А.(22) од Тетово, удрило во велосипед управуван од З.С.(61) од с.Долно Седларце-тетовско.
-Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово, велат од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот.