Маж во болница, го каснало куче што побегнало од двор

Куче избегало од двор и касна маж во Демир Капија.

На 01.01.2019 година околу 08:00 часот во Полициска станица Неготино К.Ф.(40) од Демир Капија  пријавил дека околу 08:00 часот движејќи се пеш по улица „Наум Наумовски“ во Демир Капија од дворот на една куќа истрчало куче и го каснало во пределот над коленото на левата нога.