
Возниот ред на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е редуциран поради новогодишните и божикните празници и зимскиот училишен распуст.
В понеделник, на Божик, автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.
Граѓаните повеќе информации за возниот ред можат да добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224 и на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.