3.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Сообраќајка кај Демир Капија, возилата се пренасочуваат

Тешка сообраќајка во тунелот кај Катланово, едно лице повредено
Тешка сообраќајка во тунелот кај Катланово, едно лице повредено

Поради сообраќајна незгода вечерва од 20:30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на местото викано „кај тунелот Т2“, помеѓу Гевгелија и Неготино, сообраќајот е во целосен прекин.

Патничко возило удрило во камион на Македонија пат” на автопатот Гевгелија-Скопје кај Демир Капија, кој растурал сол, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во моментов се врши увид на лице место. Пристигнала и брза помош, повредени најверојатно има, но засега не се знае колкумина се здобиле со повреди и за какви повреди станува збор, рече Додевски.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот се пренасочува по стариот пат.