
Италијанската полиција трага по ограбувачи кои украле 2,3 милиони евра откако го начекале и со ровокопачи растргнале комбе со пари на автопат на крајниот југ на Италија.
Четиричлена банда блокирала возило на компанија за обезбедување со два камионета на државниот автопат 96 во близина на Бари, по што почнале да пукаат во воздух за да ги преплашат обезбедувачите, јавуваат локалните медиуми. Тројцата обезбедувачи не се повредени, но велат дека се во шок.
Ограбувачите користеле два ровокопачи за да го отворар задниот дел од безбедностото возило и дошле до парите. Двата камионета се запалени, додека градежните машини биле оставени на местото на заседата којашто се случила во средата околу 7,30 часот.
Маскираните ограбувачи, наводно вооружени со автоматското оружје, побегнале со два автомобила и автопатот бил затворен неколку часа додека траела полициската истрага.
Ограбените пари биле наменети за исплата на пензиите на жителите на местото Матера.
Според наводите на дневниот весник Corriere della Sera, ограбувачите во истиот регион Пуља минатата година двапати се обиделе со ровокопачи да отворат безбедно возило, но не успеале.
Ограбувачите одамна ги користат ровокопачите за да провалат во банкомати или банки, а неколки познати слични случаи имаше во Северна Ирска.