Едно лице загина во невреме на Тајланд, затворени аеродромите

Едно лице загина на југот на Тајланд на почетокот од ураганот Пабук кој го погоди познатиот туристички остров Ко Самуи и покраината Наком Си Тамарат, каде што во петокот се затворени аеродромите, а се очекува дека тоа ќе биде направено во целата земја.

Тајландските власти стравуваат дека ова ќе биде најлошата бура во последните неколку децении. Агенцијата за вонредни состојби најави дека загинатото лице било член на екипаж на рибарски брод кој го зафатиле силни ветрови во блозина на брегот на покраината Патани. Уште едно лице се води како исчезнато, а четири се спасени. Претходно беше објавено дека животот го загубил руски турист.

Агенцијата AFP пренесува дека сите острови во заливот, особено Ко Самуи, Кох Па Нган и Кох Тао би можело да бидат погодени, бидејќи ураганот Пабук е голем. Се додава и дека стотици туристи се блокирани поради затворањето на регионалниот аеродром. Аеродромите на остовот Ко Самуи и во покраината Наком Си Тамарат сигурно ќе бидат затворени до сабота, јавува агенцијата.

Оваа тропска бура донела големи врнежи, силни ветрови и морски бранови со височина од пет метри, соопшти националнатга метеоролошка агенција. Пабук се движи кон запад од Јужното Кинско Море преки Тајландскиот залив, со максимална регистрирана брзина на ветрот од 80 километри на час. Досега се евакуирани околу 6.000 жители, најмногу во покраината Наком Си Тамарат, којашто бурата ја погоди веќе во четвртокот, соопштија од Управата за спречување и ублажување на природните стихии.

Пабук може да стане најлошата бура којашто го погодила Тајланд од 1962 година, кога трипската бура Хариет зема речиси 1.000 жители, соопшти Пувианг Праками, директор на метеоролошкиот завод. Забранета е пловидбата на бродовите и влегување во море, соопштија властите.

Познатата туристичка дестинација Пукет засега е поштедена од невремето, па дури таму немало ни врнеи. Турисите не се во паника, но властите се подготвени доколку нешто се случи.