
Суперхеројската акција „Аквамен“ снимен по истоимениот стрип на DC Comics/Ди-Си Комикс, досега оствари заработка од 822 милиони долари на светско ниво.
Со тоа, филмот ја надмина и „Жената чудо“ од минатата година, која досега заработи 821 милион долари.
„Аквамен“ надвор од САД заработи 560 милиони долари, од кои 260 милиони само во Кина. Филмот се прикажува и во Македонија.
Режисер на филмот е Џејмс Ван, сценариото е на Дејвид Џонсон-Мекголдрик и Вил Бил, а во главните улоги се појавуваат Џејсон Момоа, Ембер Хард, Вилем Дефо, Никол Кидман и Долф Лунгрен.