
Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот.
Следното известување за актуелната состојба со морбили (мали сипаници) ќе следува утре (05.01.2019 година во 13:00 часот.