
На патниот правец Гостивар – планински премин Стража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, од 17:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Од ЈП Македонија пат, пак, информираа дека од 17:10 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово – Дебар.