
Четириесет и петгодишен жител на Скопје во петокот вечерта излетал од пат и се превртел кај Кадински мост, при што се здобил со тешки телесни повреди, информираа од министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила во 20 на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост, кога патничко моторно возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.
Со повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди.