
Во Штип пред споменикот посветен на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац, кој се наоѓа пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Правниот факултет денеска се одржа комеморација на која присуствуваа негови роднини, спортски работници, пријатели и градоначалникот на Општина Штип.
Шекуларац беше омилен меѓу штипјани, бидејќи во 1937 е роден токму во Штип, по што заедно со родителите се пресилил во Белград. Спортските работници и новинарите кои имале средби и се дружеле со Шекуларац велат дека постојано го посетувал градот Штип, каде што во коритото на реката Отиња играл и фудбал со другарите