Реакција за тендерите на фирмата на сопругата на Макрадули

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот “Eкономски лидер” е објавен текст, а Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „остро“ ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како што се наведува во реакцијата, е речиси десет години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

„Потпишувањето на договорот со ’Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје’ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“, се истакнува во реакцијата.

Во саботата порталот Економски Лидер објави текст во кој наведува дека фирмата на сопругата на сега заменикот-министер за екологија, Јани Макрадули, добила тендери во вредност од 90 илјади евра од споменатата агенција. Оттаму симптоматично е што во реакцијата е испуштено да се спомене тврдењето дека компанијата во којашто косопственик е Маја Трендафилоа – Макрадули.е формирана во 2010 година.

Исто така, се одбегнува и фактот дека во минатиот период Јани Макрадули не извршуваше функции, како и на тврдењето дека „ за ОПЕН МАЈНД работите рапидно се менуваат по доаѓањето на СДСМ на власт. Само за година ипол, надвор од стандардните припања – компанијата добила тендери во вредност од 5.417.808 денари, односно сума која дава зголемување за повеќе од 50 отсто на просечните примања на компанијата. По доаѓањето на СДСМ на власт, оваа компанија има добиено вкупно девет јавни набавки од кои три се добиени без тендер или електронско надавање, во четири очи“ (затворен цитат).