Ахмети го негира Заев, тврди дека во Венецијанската комисија не е испратен целиот Закон за јазиците

Челникот на албанскиот колаициски партнер во власта Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, тврди дека до Венецијанската комисија за проверка се испратени само делови од Законот за јазици за кои се договорите со коалициониот партнер.

Ваквата изјава на Ахмети доаѓа откако претхподно во вторникот премеирот Зоран Заев тврдеше  на Заев дека целиот закон е испратен до Венецијанската комисија.

– Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и аблемите на војската и полоцијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство, рече Ахмети.