
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи најостро го осуди сквернавењето и обидот за палење на верскиот храм на Евангелската црква во Македонија во село Чефлик, општина Чешиново-Облешево.
Изразувајќи најискрено жалење што за време на најголемиот христијански празник Божиќ, злонамерници предизвикувајќи материјална штета ги повредиле верските чувства и права на граѓаните припадници на оваа верска група, очекуваме институционално утврдување на фактичката состојба и кривично-правна одговорност за сторителите, се со цел спречување на ваквите немили настани и гарантирање на правата и слободите на човекот и граѓанинот, додаваат од Комисијата