
Австралиската актерка Марго Роби (28), ќе ја „оживее“ иконската кукла Барби во кино салите.
Оваа улога претходно им била понудена и на Ејми Шумер и Ен Хатавеј, меѓутоа ја одбија.
Чест ми е да ја преземам оваа улога за која верувам дека ќе има неверојатно позитивно влијание врз децата, изјавила австралиската актерка.
Таа додава дека не би можела да замисли подобри партнери од „Ворнер Брос“ и Мател, творецот на најпопуарната кукла Барби.
Филмот, кој допрва треба да има титула, режисер и датум на издавање, ја означува првата соработка помеѓу двете американски компании.
Досега е познато дека неговата премиера е одложена до 2020 година.
Инаку, славната Барби своето деби го имаше на американскиот саем за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година, каде се појави првпат и оттогаш стана омилена играчка на малите девојчиња.