Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Поради снежните врнежи, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, кој претходно се одвиваше отежнато и беше забранет за сообраќање на тешки товарни возила, е нормализиран.