ВИДЕО Четворица загинати во експлозијата во Париз – низ градот почнаа и протестите

Image processed by CodeCarvings Piczard ### FREE Community Edition ### on 2019-01-12 09:40:45Z | http://piczard.com | http://codecarvings.com

Четворица загинаа, од кои двајца пожарникари , најмалку 36 лица се повредени од кои 12 со критични повреди, во големата експлозија што утрово го потресе центарот на Париз.

Причина за експлозијата е неисправна инсталација за плин во пекарницата на приземје на зградата во улицата Терзин во центарот на градот. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане изјави дека ситуацијата е под контрола.

Во исто време низ цела Франција , а особено масовно во Париз почнаа протестите на ,,Жолтите Елеци “ ; кои протестираат деветти викенд по ред.

Најмасовни се протестите во близина на местото на експлозијата , во центарот на Париз , каде што се распоредени околу 8 000 полицајци и припадници на специјалните сили.

Оштетувања има и на околните згради. Несреќата се случи околу 9 часот утрово во улицата Тревизо во деветттиот блок . Голем број пожарни возила и спасувачки екипи се на местото на несреќата, а полицијата забранува пристап во целиот тој дел од градот.

Се претпоставува дека причина за експлозијата и пожарот е неисправната инсталација за плин во пекарницата на приземјето на зградата.