
Автобус полн со средношколци се запалил денес во Швајцарија. Децата кои биле во посета на Швајцарија се од Сплит, Хрватска и за среќа успеале навреме да излезат од автобусот кој почнал да гори во тунел.
Пламенот дојде од надвор, се се случи во тунел. Истрчавме кон вратите и сите излеговме навреме, вели еден од учениците за ХРТ.
Родител на ученик кој бил во автобусот за Далмација Данас раскажува што се случило.
Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека се добро. Сепак, првиот час го поминав во страв бидејќи не знаев никакви детали, а по еден час едвај успеав да го добијам синот. Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Инаку, во Швајцарија се во изминатите 7 дена, а на скијање беа голем број ученици од разни училишта од Сплит кои денес со 3 или 4 автобуси се враќаа дома, раскажува родителот.
На дел од учениците им изгореле документите, мобилните телефони, дури и куферите, но важно е дека сите деца се добро, а во моментов се згрижени во еден пожарникарски дом во близина на тунелот во кој се случила несреќата.
Точната причина за избувнувањето на пожарот не е позната.