
Чезаре Батисти, поранешниот активист на италијанската левица кој во својата татковина е осуден на доживотен затвор за четири убиства, уапсен во саботата во Санта Круз во Боливија следните часови ќе биде екстрадиран во Рим, објави во неделата италијанската влада.
„Чезаре Батисти ќе биде вратен во Италија во неколкуте следни часови“, напиша на Facebook италијанскиот премиер Џузепе Конте по телефонскиот разговор со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Батисти заминува во затвор „не поради своите политички идеи, туку поради четирите злосторства коишто ги извршил и разните кривични дела поврзани со вооружената борба и тероризмот“, коментираше Конте.
Италијанскиот левичарски терористи, Батисти со години се криеше во Бразил, бидејќи тамошните левичарски влади одбиваа да го испорачаат во Италија. Меѓутоа, политичката клима во оваа латиноамериканска земја се промени на почетокот од јануари со доаѓањето на власта десничарскиот претседател Жаир Болсонаро кој најави „мал подарок за Италија“.
Стравувајќи од екстрадирање, Батисти пред еден месец побегна од Бразил во Боливија, но сепак беше уапсен. И боливискиот министер за внатрешни работи потврди дека Батисти ќе им биде предаден на италијанските властите, како и дека официјален Рим во недела испратил авион во Латинска Америка.
Основачот на италијанската радикална групација Вооружени пролетери за комунизам, Батисти е осуден во отсуство во 1993 година за четири политички убиство извршени во 1970-те години. Побегна од италијански затвор во 1981 година и замина во Франција, каде што се занимаваше со пишување криминалистички романи, пред да замине за Бразил.
Овој 63-годишник осуден на доживотна казна затвор, тврди дека е невин. Во текот на ткн италијански „оловни години“ од 1960-те до 1980-те години, Италија ја тресеше левичарското и десничарското политичко насилство во коешто животите ги загубија стотици лица.
Синот на бразилскиот претседател Болсонаро,кој е член на Претставничкиот дом, го прослави апсењето на Twitter. „Бразил повеќе не е земја на одметниците. ‘Малиот подарок’ за @matteosalvinimi е на пат“, напиша Едуардо Болсонаро до италијанскиот министер за надворешни работи Матео Салвини.
„Најискрена благодарност за претседателот Жаир Болсонаро“, напиша Салвини на Facebook нарекувајќи го Батисти „криминалец кој не заслужува удобен живот на плажа, туку своите денови да ги заврши во затвор“.