Мицкоски не се сомнева во победата на ВМРО-ДПМНЕ на фер избори

Не треба да се има никаква дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи без разлика дали ќе има предвремени или редовни парламентарни избор, а најголемата опозициска апртија ќе победи и на следните претседателски избори, рече во вторникот вечерта во својот настап на телевизија Алфа, како што истакна сео целосна одговорност, опоицискиот челник Христијан Мицкоски.

Во вечерашното гостување на „Отворено“ на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени парламентарни избори согласно законските измени со коиштпо се гарантира Пржинска влада, односно распределба на клучните ресори меѓу власта и опозицијата како во време на предвремените избори од декември 2016-та, однос ово дел од институциите и владините министерства ќе има луѓе од најголемата опозициона партија и тие ќе ни гарантираат нас фер изборен циклус. Притоа, Мицкоски образложи дека лажирањата, злоупотребите и манипулациите веќе се започнати.

„Имате вештачки работни места по институциите на дневна основа СДСМ по институциите вдомува по десетици нивни членови. Вие имате судски процес кој што како Дамолков меч му стои на ВМРО-ДПМНЕ за наводно финансирање на политичката партија. На начин на кој што истите се финансираат сите политички партии во Република Македонија. Имате насила буткање за законот за Антикорупција кој што утре ќе се најде пред народните избраници во парламентот со европско знаменце по скратена постапка, до сега што не се случило. Немаме една туку злоупотреба на квадрат. И вие велите ќе имаме фер изборен циклус. Како ќе имаме фер? Кој е тој што нас ќе ни гарантира фер избори во Република Македонија?“, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Реплицирајќи на изјавите од раководството на СДСМ дека наводно опозицијата само декларативно побарала предвремени парламентарни избори, Мицкоски порача власта да се одважи, па премиерот Зоран Заев, како и министрите за внатрешни работи и за одбрана, Оливер Спасовски односно Радмила Шекеринска и компанија и да создадат фер и демократски услови без да вршат притисок врз граѓаните да одлучат за кого ќе гласаат.

„Тогаш ќе видите дали консензуален кандидат на Зоран Заев или предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе освои убедлива победа“, нагласи Мицкоски.