Одложено рочиштето за настаните од 27-ми април во Собранието, продолжува со променет обвинителен акт

Судското рочиште за настаните во парламентотаприл во вторникот беше одложено, за во понеделник на 21-ви јануари, а судскиот процес ќе продолжи со завршни зборови на обвинителството.

Судницата за случајот „27 април“ по примената на Законот за амнестија во вторникот беше речиси празна.  Наместо 33-та обвинети, денеска беа присутни осуммина. Судијката Добрила Кацарска побара да не се носат останатите деветмина обвинети кои се во притвор, оти се чекаат одлуки на Апелациониот суд по жалбите на одбиените барања за амнестија.

Според Кацарска, по примената на Законот за амнестесија најверојатно ќе има измени во обвинението па затоа одбраната ќе добие дополнително време за подготовка на завршните зборови..

Обвинителката Вилма Русковска рече дека во понеделник адвокатите ќе го добијат изменетото обвинение во пишана форма, а завршните зборови ќе бидат усни..