
Играчот од одбраната, Маркос Рохо ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на актуелната сезона, објавија британските медиуми. 29-годишниот Аргентинец ретко добива шанса да настапи на теренот во 20-кратниот шампион на Англија и затоа сака трансфер во друг тим.
Минатата недела, кога „црвените ѓаволи“ одржаа кратки подготовки во Дубаи, Рохо се здобил со повреда, по што се вратил во својата родна земја – Аргентина.
Маркос Рохо има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2021 година.