
Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Маас истакна дека не останало многу време за изнаоѓање решение за напуштањето на Велика Британија на Европската Унија и повеќе нема „играње играчки“, пренесува Ројтерс.
Маас нагласил дека по неуспешното гласање во Парламентот во Лондон треба да има нови преговори меѓу Велика Британија и Европската унија и јасно да се дефинира ставката од договорот за евентуалната граница меѓу Северна Ирска, која е дел од Велика Британија и Република Ирска.
„Сакаме да избегнеме царинска контрола меѓу двете земји“, додаде германскиот министер за надворешни работи.
Запрашан за можноста Велика Британија да го одложи напуштањето на Унијата и тоа да не се случи на 29 март, тој одговори дека ако Брисел добие такво барање, истото ќе биде разгледано конструктивно.