
Дете е брутално тепано од возрасен маж попладнево во паркот спроти маркетот Веро во скопската населба Тафталиџе, покажува снимката испратена до нашата редакција направена од случајни минувачи.
Непознато е дали станува збор за бруталност од родител врз едно од децата кои можат да секојдневно да се забележат како питаат на споменатата локација. Но во очи паѓа, што возачите на автомобилите кои минуваат предупредуваат со сигналот од сирените.