
Трансферот на младата надеж на Ајакс, Френки де Јонг во Пари Сен Жермен ќе биде факт до крајот на оваа недела, пишува Мундо Депортиво.
Двете страни постигнале договор, а се очекува Французите да исплатат 75 милиони евра.
За Де Јонг се сметаше дека е речиси сигурно нов играч на Барселона, како и дека преговорите биле успешни и само се очекува формалноста на договорот. Сепак, до сериозен пресврт во ситуацијата дојде откако се вмеша клубот од Париз.