
Станува збор за мошне популарна техника што најмногу се користи во Азија, а за неа ви се потребни две лажици и масло (маслиново или масло за масажа).
Секоја жена во средните години почнува повеќе да се грижи за изгледот на лицето и за неизбежните брчки што не’ измачуваат. Кога станува збор за подмладувањето и во домашни услови можете да постигнете неверојатни резултати и тоа само со помош на лажици.
Со помош на овој прибор, што сите го имаме во домот ќе ја подобрите циркулацијата, а од ткивото ќе го исфрлите вишокот течност, а кожата ќе ја направите затегната и еластична, со што ќе ги намалите видливите брчки.
Првите неверојатни резултати ќе ги забележите веќе за 10 до 12 дена, а единствениот услов е скојдневно да ја спроведувате оваа масажа.
Масажата не би требало да ја правите подолго од 10 минути, а за детално упатство што всушност треба да правите погледнете го видеото.