
Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е. За „коцкестите“ овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали.
Бразилците победија со 29:26, по одличното прво полувреме кое го добија со 17:13.
Лангаро со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека Дувњак кај Хрватите имаше шест реализации.
Пласман Е-група: Германија 5 бода, Франција 5, Хрватска 4, Шпанија 2, Бразил 2, Исланд 0.