Идентификуван македонскиот државјанин кој ја уби сопругата во Австрија

Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тули, а станува збор за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци, кај Сарај.

Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на самото место, откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот. На убиството му претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.

Осомничениот претходната ноќ ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Facebook, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга.

Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.