
Во Македонија се гради како никогаш досега, вака Владата се пофали со инвестициите во патната инфраструктура.
Земјава е претворена во големо градилиште, уверуваат оттаму.
Оваа година ќе се градат нови, а и ќе се реконструираат и завршуваат патишта, кои се протегаат на над 770 километри, вредни 1 милијарда 270 милиони евра.
Лани раст забележаа сите сектори, освен градежништвото. Работевме на проектите, сега подготвени ќе стартуваме со реализација. 40 патни правци ќе можат да почнат да се градат уште утре, доколку дозволат временските услови, уверуваат надлежните.
Земјава освен внатре, ја поврзуваме и со соседите, а со тоа и со Европа и светот. Модерните патни коридори побрзо и полесно ќе не однесат до економски партнери. Владата очекува повеќе инвестициите, а со тоа и поголем економски раст.
Владата се пофали дека минатата година, завршила со изградба на 193 километри патишта, во вредност од околу 30 милиони евра. Во тек е изградба на 363 километри пат, во вредност од околу 1милијарда и 35 милиони евра. За оваа година пак, надлежните најавија почеток на градба на 420 километри, во вредност од околу 23 милиони евра.
Парите за сите проекти се веќе предвидени во буџетот или обезбедени од заеми и грантови.