
Стартот на второто полугодие на учебната 2018/2019 година, поради загадениот воздух беше пролонгиран за два дена, но се’ уште нема конечна одлука дека школските врати за учениците се отвораат утре.
Родителите во неделата беа збунети, но и револтирани што доцна им беше кажано дека почетокот на второто полугодие се одложува, но уште повеќе од фактот што сметаат дека два дена нема ништо да променат.
Се’ уште не е донесена одлука. Денес ќе имаме седница на Влада и таму ќе се одлучи. Јавноста ќе биде информирана веднаш после седницата, посочил Атанасов, за Курир.