ФОТО: Претпладнево убиство во Маџари

Претпладнево во скопската населба Маџари се случила сообраќајна несреќа и убиство.

Според неофицијални информации до кои дојде КУРИР, убиството се случило поради сообраќајна несреќа.

КУРИР побара информација од МВР и во очекување сме за повеќе детали.

Според очевидци, две лица се здобиле со прострелни рани во воружената пресметка која се случила во близина на пругата пред кванташки пазар.

Велат дека едно од лицата било починато.

Според едни информации, првично се случила сообраќајна несреќа која ексалирала во вооружена пресметка.

Други извори пак велат дека станува збор за пресметка на криминалното подземје и дека застреланите лица биле чекани во заседа.