Кина ги минува САД на позицијата најголем светски малопродажен пазар

Растот на кинеската економија забавува, меѓутоа оваа земја сѐ уште е на пат на САД да им ја презема позицијата на најголем светски малопродажен пазар.

Вредноста кинеската малопродажба во оваа година ќе достигне повеќе од 5.600 милијарди американски долари, а 100 милијарди долари повеќе отколку во САД, покажуваат истражувањето на консултантската компанија „eMarketer“, објавено во средата. Растот на имотната состојба на кинеската популација и забрзаниот развој на трговијата преку интернет го покренале малопродажниот бум во Кина.

„Последните години на кинеските потрошувачи им се зголемени приходите и милиони Кинези станаа новата средна класа. Резултатите на тоа се остриот пораст на куповната моќ и просечната потрошувачка по лице“, вели Моника Пирт од „eMarketer“.

Процената на оваа консултантска куќа истакнува дека на светските брендови кинескиот пазар им станува сѐ поважен, дури и во случај растот на светската економија да забави. Кина веќе сега е најголемиот светски пазар на автомобили и паметни телефони.

Разликата меѓу кинескиот и американскиот малопродажен пазар ќе продолжи да се зголемува во следните години, а притоа Кина побрзо ќе расте барем до 2022 година, се наведвуа во процените на „eMarketer“.

Најголемите кинески компании за трговија преку интернет „Alibaba“ и „JD.com“ одиграле клучна улога во експлозивниот раст. Се очекува дека годинава уделот на купување на кинеските потрошувачи преку интерен ќе изнесува 35 отсто или 2.000 милијарди долари, додека американските потрошувачи на овој нали ќе остварат само 11 отсто од вкупната потрошувачка, објави „eMarketer“.