
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП „Македонија пат“.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 60м на Стража, Маврово и Попова Шапка.
На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.