
Непознати крадци провалиле во главната селска црква „Света Богородица“, во горнореканското село Сенце и однеле неколку икони, сребрен крст и пари.
Според СВР Тетово, кражбата ја пријавил лицето Б.С. од гостиварското село Сенце, на 24 јануари (вчера).
По извршениот увид утврдено е дека претходната ноќ меѓу 23 и 24 јануари, засега непознати сторители извршиле тешка кражба, откако насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата.
Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета.