
Осум нови случаи на зараза со мали сипаници се пријавени на Инфективната клиника во Скопје, од кои два пациента се хоспитализирани, додека другите шест се пратени на домашно лекување.
Два случаи на мали сипаници се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, во одделот за хематологија, каде што се лекуваат децата со тешки малигни болести.
Во моментот хоспитализирани се 20 лица со потешка клиничка слика, додека бројот на вакцинирани лица е над 4. 200. Властите и понатаму апелираат за вакцинација.
Претходно во четвртокот беше јавено дека шест вработени на детската клиника во Скопје се заразиле од мали сипаници. Од Инфективната клиника велат дека секој кој е со лесна клиничка слика е пуштен на домашно лекување.
Од Инфективната клиника немаат податоци дали има регистрирани случаи во други градови во државата, иако во текот на вчерашниот ден беше соопштено за три случаи во Тетово. Директорката на Клиниката рече дека случаите кои се од други градови, или живеат во Скопје или привремено престојувале во главниот град.