Зекири ги откри кандидатите на ДУИ за консензуален претседател?!

„Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малевски, Лазе Еленовски па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев ?!!…“, напиша потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот фејсбук профил.

Функционери на СДСМ и ДУИ претходно истакнаа дека ќе се обидат да изнајдат консензуален кандидат за претстојните претседателски избори, кој ќе биде, како што велат, над етничките и партиските линии.

Социјалдемократите вечерва на седница на Централниот одбор ќе дискутираат за можните предлози, а од ДУИ истакнаа дека нема да излегуваат со имиња пред да започнат преговорите со коалициските партнери, со кои заеднички ќе ја трчаат изборната кампања.