Петнаесет луѓе загинаа на свадба во Перу во уривање на ѕид

Најмалку 15 луѓе загинаа а 34 се повредени кога се урнал ѕид во хотел во југоистичната перуанска провинција Абанкај, потврди во неделата тамошната служба за цивилна заштита во објавата на Twitter.

Порој од кал по обилните дождови изминатите денови „со сета силина се урнал врз хотелот и ги урна ѕидовите“, појаснил Еверисто Рамос, градоначалник на истоимениот град Абанкај.

Според локалната радио-станица RPP, несреќата се случила во саботата во хотелот „Аламбра“ во текот на свадбена свечаност. Сите жртви биле гости на прославата.

Во салата каде што се одвивала прославата имало околу стотина лица, но за среќа половината од нив биле во близина на урнатиот ѕид.