
Русија во неделата ја одбечежува 75-годишнината од германската опсада на тогашен Ленингард во Втората светска војна којашто однесе половина милион животи во денешен Санкт Петербург, каде по овој повод е одржана воена парада.
Повеќе од 2.500 војници и припадници на силите за безбедност со 80 разни видови воена опрема, вклучително и напредните рекетни систем „Искандер-М“, С-400 и десетици други нови видови вооружување, учествуваа во парадата која започна со минута молк за загинатите граѓани и војници во текот на две ипол години долгата опсада, пренесува ТАСС.
„Се поклонуваме во знак на сеќавање на оние кои не се вратија од војната и на оние кои умреа од повреди и болести. Руската вијска секогаш ќе се сеќава на подгвигот на нашите татковци и дедовци“, порача командантот на Западниот воен округ, генерал Александар Журавјев.
И покрај големиот студ, многу граѓани се собраа на централниот петербуршки плоштад да ја проследат парадата и да ги поздрават воените ветерани. Рускиот претседател Владими Путин, кој е роден во Санкт Петербург, положи цвеќе кај споменикоте на Мајката Татковина на Пискарјовските меморијални гробишта. „Ова е многу важен датум за целата наша земја, за сите Русија и за претседателот Путин лично“, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.
Опсадата на Ленинград започнача на 8-ми септември 1941 година и траела 872 дена до 27-ми јануари 1944 година, кога е целосно пробиена во стратешката воена операција „Искра“ започната уште од 12-ти до 18-ти јануари 1943 година, во текот на советсата Голема татковинска војна против нацистичка Германија. Од три милиона жители пред војната, во градот до крајот на опсадата останале 800.000, а во жестоките бомбардирања и од глад починале над половина милион луѓе.