
Патувачките блогери на каналот The Slow Mo Guys при посетата на Исланд го снимија гејзерот Строкјур кој постојано исфрла зовриена вода неколку метри во височина.
„Полека отекува, а потоа експлодира“, велат водителите Гав и Дан. Уникатните кадри на кои активноста на вилканот е забележана забавено, а исто така е снимен и од дрон, ги гледале милиони корисници.
Првпат блогерите емитуваа и видео од „ерупцијата“ во забавена снимка, направео со помош на термовизиска камера. Колку што е поблиску до црвента боја на овие кадри, толку е потопол предметот. Некои корисници изразуваат неверување дека станува збор за автентични кадри, туку оти се изработени со компјутерска графика, бидејќи боите се многи светски и фасцинантни.
Строкјур, вториот по големина и најактивен гејзер во долината Хаукадалур во југозападниот дел на Исланд, секоја година привлекува голем број туристи. И иако на овие видеснимки нема ништо изненадувачки за научниците, многу интернет корисници првпат можат да видат гејзер во вакви бои и снимен од вакви агли.