Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ успеа да спречи носење на штетен закон повторно со злоупотреба на Европското знаменце

ВМРО-ДПМНЕ денеска успеа да спречи носење на штетен закон повторно со злоупотреба на Европското знаменце за носење на закони по скратена постапка. Од дневен ред од Собраниска седница беше тргнат Предлог законот за социјална заштита, истакна денес Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта сакаше по скратена, нетранспаретна постапка, без јавна дебата, да биде донесен закон со кој што на маргинализирани и луѓе со хендикеп прво, им се ускратуваат права кои веќе ги уживаат, а притоа не задоволува ниедно од нивните барања. Ваквото предлог решение поднесено од ресорното министерството изминатото време предизвика лавина негативни реакции. ВМРО-ДПМНЕ постојано реагира на злоупотребата на европското знаменце, како и во овој случај, кое што власта го злоупотребува. За ниедна од нотираните слабости од ЕК од таму не доаѓаат насоки да се злоупотребува транспарентноста и демократската процедура, а особено не кога станува збор за квалитетот на живот на маргинализирани групи. Лицата со хендикеп на средбите со ВМРО-ДПМНЕ први укажуваа дека предлог законот целосно е спротивен на заложбите на нивните здруженија, дека предложениот текст ја прекршува конвенцијата  на ОН за правата на лицата со посебни потреби, а дополнително им ги крати правата и можностите кои што до сега ги уживале, истакна таа.

Ласовска порача дека за вакви законски решенија не смее да се злоупотребува политиката туку мора да се оди низ една транспарентна јавна дебата, и да се донесе вистинско законско решение, согласно потребите на граѓаните.

ВМРО- ДПМНЕ во отсуство на јасна визија во Владата кога станува збор за унапредување и олеснување на можностите и правата на оваа целна група, презема проактивна улога, искористувајќи ги сите демократски алатки за креирање и носење политики, порача таа.