
Најмалку 12 лица се повредени откако пет торнада во изминатите четири дена ја зафати провинцијата Анталија на југот од Турција, каде на улиците има превртени автобуси, и на аеродромоте оштетени авиони.
Гувернерот на Анталија рекол дека во невремето се оштетени два авиона и еден полициски хеликоптер. Исто така тој изрази надеж дека најлошто помина.
Според неговите зборови, нема загинати во невремето.
Министерот за екологија изјавил дека силното невреме и торнадото оштетиле 315 објекти.
Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека штетата во Анталија е речиси 17 милиони евра.